Поцрвене цела корона-карта на Европа, во зелено само еден остров


Европскиот центар за контрола и превенција од болести (ECDC) денеска ја објави новата корона-карта која ја одразува епидемиолошката состојба во земјите од ЕУ.

Секој четврток ECDC ја ажутрира најважната мапа за корона вирус во ЕУ, според која земјите членки одредуваат правила за влез и излез од земјата според бојата која земјата нја има на оваа карта.

Бојата за некои подрачја се одредува според комбинација од потврдени случаи на зараза во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирани.

Ситуацијата оваа недела може да се каже дека е полоша од претходните недели со оглед на тоа дека во зелено се наоѓа само островот Сардинија.

Како што може да се види, повеќето европски земји се наоѓаат во темноцрвена зона.