Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9

Во организација на издавачката куќа „Бегемот“ од денеска до недела во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ArtArea е планирана со богата програма од различни културни зони.
Фестивалската тема годинава е „Македонската алтернативна музика“, на која преку неколку тематски настани и концерти во живо ќе ѝ биде посветен вториот фестивалски ден. Публиката ќе има можност да проследи изложба на фотографии, шест книжевни разговори, музичка панел-дискусија, музички видеоартови, поетско-музички перформанс, продажба на винили и концерти од млади македонски музичари, актуелни на македонската алтернативна сцена. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.