Почнува кампањата „Сите права за сите деца“
На Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор“ и Народниот правобранител во Северна Македонија почнуваат кампања „Сите права за сите деца“ со подготвено едукативно видео за правата на децата.
Како што соопшти Фондацијата, видеокампањата е дел од проектот „Децата на 1-во место!“, финансиран од Европската Унија, и ќе се реализира од декември 2024 до јуни 2025, во партнерство со Одделот за заштита на правата на детето и лица со попреченост при канцеларијата на Народниот правобранител и основните училишта вклучени во проектот.
-Целта на кампањата е да ја информира и едуцира јавноста за правата на детето; да ја зголеми свесноста за важноста од ученичкото учество и вклучувањето на учениците во донесувањето одлуки преку Ученичкиот парламент и Ученичкиот правобранител; да ја зголеми свесноста за безбедноста на децата во сајбер просторот и начините на заштита. Целта е, исто така, да ги мотивира сите засегнати страни (училиштата, родителите на учениците, образовни власти, претставници на локална самоуправа) за подобро разбирање на правата на детето како и механизмите за нивна заштита, охрабрувајќи ги да се залагаат за сите права за сите деца, наведува Фондацијата „Чекор по чекор“.
На Светскиот ден на детето се чествува донесувањето на Конвенцијата за правата на детето од
страна на Генералното собрание на Обединетите нции, на 20 ноември 1959 година. Нашата држава ја ратификуваше Конвенцијата пред 31 година.