Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година
Од 15 декември почна процесот на заверка на корисниците за т.н. пензионерски билет за новата 2026 година, извести ЈСП Скопје.
ЈСП Скопје издаде соопштение до своите корисници на билети за возрасни лица од старосна група над 62/64 години дека заверката на истите за 2026 година може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи од 15.12.2025 година.
Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација.
Сите билети за возрасни лица од старосна група над 62/64 години кои нема да бидат заверени заклучно со 31.01.2026 година, ќе бидат автоматски блокирани.