Почна гласањето за нов Генерален секретар на Советот на Европа


Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа од изутринава гласаат за избор на нов Генерален секретар на најстарата паневропска организација, јавува дописникот на МИА.

Кандидатите се двајца шефови надипломатијата – на Белгија, Дидие Рејндерс и хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ. Шансите за избор на двата кандидати се изедначени.

Рејндерс е либералн, додека Пејчиновиќ Буриќ припаѓа на Европската народна партија, што не е за потценување, бидејќи на Парламентарното собрание на Европската народна партија е најбројна и брои 159 членови, додека членовите на Либералите брои само 77 парламентарци.

Гласањето за избор на Генерален секретар на Советот на Европа се одвива во клима на криза и поделби меѓу членовите со враќањето на руската делегација во ПССЕ, но и со заминувањето на украинската делегација во знак на протест, чии членови нема да гласаат за изборот на новиот Генерален секретар.

Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се состои од 324 членови на националните парламенти од 47 земји-членки,се изјаснува сп тајното гласање за избор на нов генерален секретар, кој ќе имапетгодишен мандат. Резултатите од гласањето треба да бидат познати околу 21 часот.

Хрватската министерка со евентуалната победа би била втората жена во историјата на чело на оваа организација и првата од земјите кои доаѓаат од Централна, Источна  и Југоисточна Европа.

Во текот на изминатите десет години, генерален секретар на Советот беше Торбјорн Јагланд, поранешен премиер, министер за надворешни работи и претседател на норвешкиот парламент.

Советот на Европа е меѓународна организација со седиште во Стразбур, чија задача е да се грижи за владеењето на правото, демократијата и човековите права во Европа. Таа е основана во 1949 година и денес има 47 земји-членки, низ цела Европа, освен Белорусија и Косово.