Почина познатиот холандски шахист Јан Тиман
Поранешниот холандски шахист Јан Тиман почина на 74-годишна возраст, објави денес Холандската шаховска федерација (KNSB).
KNSB во соопштението наведува дека Тиман починал во среда во неговиот роден град Арнем.
Тиман се повлече од натпреварувањата на крајот од минатата година. Во 1982 година, тој беше рангиран на второто место во светот, а во 1993 година беше поразен од Анатолиј Карпов во натпревар за титулата светски шампион на ФИДЕ.
Од 1972 до 2004 година, Тиман учествуваше на 13 шаховски олимпијади со холандската репрезентација. Во 2005 година, тој беше член на холандската репрезентација која ја освои титулата европски шампион. Тој беше холандски шампион девет пати.
КНСБ потсетува дека во текот на 1980-тите и 1990-тите, Тиман го имал прекарот „најдобриот на Западот“, бидејќи многу експерти верувале дека тој е третиот шахист во светот зад Гари Каспаров и Анатолиј Карпов.