Почина момчето кое со мотор удри во џипот на Сашко Јанчев од Левица


Момчето од Идризово кое со мотор удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, починало вчера како последица на повредите од сообраќајката.

Сообраќајката се случи во Марино – Општина Илинден, а во неа со тешки телесни повреди се здобија 16 годишното момче кое беше возач на мотоциклот и неговата 13-годишна сопатничка. Јанчев со сопатникот исто така се здобија со телесни повреди.

Полицијата изврши увид на местото на несреата а околу 4 часот по наредба на јавен обвинител, возачот беше лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик.

Од партијата на Јанчев тогаш информираа дека малолетникот возел неисправен мотор, без светло и дека моторот се забил во вратата од автомобилот.