Почина лицето рането во престрелката меѓу две групи на Бит пазар

Едно лице беше рането , а попладнево им подлегна на повредите во пукотница која се случи попладнево во близина на Бит пазар во Скопје.
Едно лице загина во вооружена престрелка помеѓу две групи на Бит Пазар. Пукањето се случило во близина на полициската станица.
Вооружената престрелка се случила околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“. Дел од куршумите завршиле и во околните објекти.
„Се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објекти и околните продавници и неколку паркирани возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Екипи на полицијата го обезбедуваа местото, а улицата беше затворена за сообраќај и минување додека трае увидот. Повреденото лице е пренесно на Ургентен, каде почина, а засега нема информација дали се пронајдени и уапсени лицата кои учествувале во престрелката.