МВР ја потврди смртта на Чедомир Радомировиќ, но не кажа никакви други детали


Министерството за внатрешни работи потврди дека Чедомир Радовановиќ починал синоќа по повредите на главата, најверојатно од куршум, откако бил пренесен на скопските клиники.

„Вчера во 18,50 во село Орман до паркирано возило ‘лексус’ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице кое крварело во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура. Утврдено е дека станува збор за Р.Ч.(67). Со возило на  Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ каде им подлегнал на повредите. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Чедомир Радомировиќ беше многу проминентен бизнисмен кон крајот на 1990-те, основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка.

Се очекуваат детали за случајот МВР да соопшти во текот на денов.