Почина американскиот медиумски магнат Редстоун
САД– Сопственикот на Си-Би-Ес (CBS), на „Вајаком“ (Viacom), на Парамаунт Пикчрс (Paramount Pictures ) Самнер Редстон почина на 98 години, соопшти холдингот „Нешенал амјузментс“ (National Amusements), кој ја контролира компанијата „ВајакомСи-Би-Ес“.
Редстон до 2016 година беше претседател на управниот одбор на Си-Би-Ес и на Вајаком.
Toj во голем број интервјуа тврдеше дека е крал и оти никогаш нема да умре.
Медиумите често пишуваа за неговите врски, но и за неговите несогласувања со неговите деца.
Редстоун двапати се женеше и двапати се разведуваше и од првиот брак има две деца.
Според „Форбс“ богатството на Редстоун се проценува на 4,6 милијарди долари.