По тројца кандидати во трката за градоначалник на Радовиш и Конче

Страхил Гавритов-независен, Љупче Почивалец од ВМРО – ДПМНЕ и Ристо Спасов од СДСМ се тројцата кандидати за градоначалник на Радовиш, кои на претстојните локални избори ќе ја бараат поддршката од граѓаните.
За членови на Советот се доставени седум листи: Левица – носител Љупка Трајкова, Демократска партија на Турците – носител Селман Јусуфов, ТМРО – носител Снежана Панчева, Партија Граѓанска инцијатива Грин – носител Илија Сусинов, ЗНАМ – носител Столе Николов, СДСМ – носител Герасим Конзулов и ВМРО – ДПМНЕ – Гордана Здравковска.
И во Општина Конче има доставено три кандидатури за градоначалник. Таму СДСМ го предлага Благој Илиев, кој беше градоначалник од 2017 до 2021 година, ВМРО – ДПМНЕ сегашниот, Златко Ристов и Фикри Усинов од Демократската партија на Турците.
За место во деветчлениот состав на Советот кандидатури имат доставено Демократски сојуз – носител Јонче Здравев, Родина Македонија – носител Калина Јованова, ВМРО ДПМНЕ – носител Бранкица Вчкова, СДСМ – носител Ристо Томов, Единствена Македонија – носител Никола Јованов и ДПТМ – Елиф Саидова.