По пожарите на Евија, стигна поплава


Грчкиот остров Евија погоден е од поплави и тоа само неколку месеци по разорните шумски пожари кои уништија третина од неговите површини под шума.

Островот е втор по големина во Грција, а погоден е од полави, но за среќа, нема жртви по обилните дождов кои го погодија северниот дел на островот. Сепак, десетици жители мораше да бидат евакуирани од поплавените домови, патиштата се непроодни, а плажите затрупани со кал која се слива од околните планини, сега лишени од вегетација, пренесе „Катимерини“.

Надлежните кои ја прегледуваат штетата најавија дека владата ќе го забрза активирањето на програмата од 20 милиони евра помош за девастираните подрачја, откако локалните власти се заложија за таа акција.

Силна бура ја зафати северна и централна Грција од минатиот четврток, што донесе силни дождови.

Метеоролошката станица во близина на северот на Евија, забележа 700 мм дожд од четвртокот, а уште дождови се очекуваат во текот на денешниот ден.

Научниците тврдат дека нема сомнеж оти климатските промени предизвикуваат екстремни случувања, како топлотни бранови, суши, пожари, поплави и бури.