По неколку пребројувања, Џорџија ја потврди победата на Бајден


САД– Државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер соопшти дека денеска таа американска држава ќе ја потврди победата на Џо Бајден по две дополнителни пребројувања.

– Поминаа 34 долги дена од изборите на 3 ноември, изјави Бред Рафенспергер на прес-конференција.

-Сега трипати ги изброивме легално гласаните гласачки ливчиња и резултатите остануваат непроменети, додаде тој.

Џорџија ги преброи сите гласачки ливчиња веднаш по изборите. И покрај рачното пребројување, кампањата на Трамп беше повикана на уште едно пребројување заради малата разлика. Ова второ пребројување ја потврди победата на Бајден со околу 13.000 гласови.

Демократите првпат победија во Џорџија од победата на Бил Клинтон пред речиси 30 години.