По наредба на Лукашенко баталјон со балистички ракети испратен до границите


По наредба на Лукашенко, била испратена војска до границите на Белорусија со Литванија и Полска. Министерот за одбрана издаде наредба.

Имено, белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин нареди баталјон со тактички балистички ракети и мулти-барелни фрлачи на проектили и единици со беспилотни воздушни возила и системи за воздушна одбрана да бидат испратени до трупите во регионот Гродно, кој е на границата со Литванија и Полска.

Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му нареди на Министерството за одбрана внимателно да го следи движењето на трупите на НАТО во Полска и Литванија, како и да ги стави трупите на западната граница на земјата во целосна подготвеност, потенцирајќи дека ситуацијата во овој дел од земјата ескалира.

По објавувањето на резултатите од изборите, избувнаа масовни протести во Минск и другите градови во Белорусија, во кои се случи конфликт меѓу демонстрантите и полицијата. Според Министерството за внатрешни работи, повеќе од 6.000 демонстранти биле уапсени за време на протестите.