По критиките од ЕУ експресно заврши расправата за Деловникот со 2.000 амандмани


Фото: Б. Грданоски

 Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно – имунитетни прашања синоќа ја завршија амандманската расправа за Предлог – Деловникот на Собранието на Македонија.

Според информациите од Собранието, прифатени се околу 12 амандмани од 1.965 колку што поднесоа пратеничките групи и Левица. Предлог-Деловникот се очекува да биде ставен на дневен ред на новата седница закажана за 20 ноември. 

Предлагач на Предлог-Деловникот е претседателот на Собранието Талат Џафери, а тој е резултат на неколкугодишни разговори помеѓу пратеничките групи од минатиот и овој перламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот.