По „Геокс“, нов удар врз вработените во Србија – згаснуваат 400 работни места

Нов удар врз работните места во јужна Србија. Откако „Геокс“ ги затвори фабриките во Врање со 1.200 работници, „Шинвон“ сега официјално донесе одлука да затвори дел од производството со 660 работници. Точно 264 вработени ќе можат да се преселат во матичната компанија „Јура“, додека судбината на речиси 400 работници е нејасна, пишува белградски „Блиц“.
Откако во јануари 233 работници останаа без работа, од кои на повеќето не им беа продолжени договорите, сега може да следуваат нови отпуштања во оваа фабрика од Јужна Кореја.
Според документот „Одлука за затворање на организацискиот дел на компанијата“ што бил проследен до работниците, и е обесен на огласната табла во компанијата, сега се гаси секторот за производство на авто-инсталации со 660 вработени, а 264 од нив кои се вработени на неопределено време им се нуди да се преселат во сестринската фабрика „Јура“. Крајниот рок за изјаснување е 11 септември. Причината е, како што се наведува, „големите деловни загуби и промена на количината на инсталации што можат да ги произведат“.
„Пристигна известување, одлуката се споделува преку Вибер на групи вработени. Единствената можност е да се преселиме во Јура, немаме право на отпремнина или надомест од Бирото. На вработение на определено време им следува отказ. Многу луѓе земаа кредити во последните месеци, немаше најави дека ќе се затвори, само некои шпекулации“, вели еден работник за Јужни вести кои не добиле коментар за конкретниот случај од самата компанија.
Претходно, југот на Србија беше потресен од веста за заминување на италијанската компанија „Геокс“, која беше спомената кога компанијата „Шинвон“, уште една фабрика на „Јура“ што се отвори во Ниш во 2011 година, преку СМС порака информираше 188 работници дека заради намален обем на работа не е во можност да ги продолжи нивните договори.
Секогаш имало слични приказни насекаде, а во Србија, пред случаите на „Геокс“ и „Шинвон“, имаше уште осум затворања на фабрики преку ноќ и работниците беа известени за отпуштањата во последен момент. И она што е речиси исто за сите е дека имале слична тактика при заминувањето, дека ги известувале работниците за отпуштањата „преку ноќ“ и дека по заминувањето никој не им може ништо, пренесува Блиц.
Претходно јавноста дозна за случајот со турскиот синџир пекари Симит Сарај. Во еден момент, тие имаа 9 продавници на најдобрите локации во главниот град и вкупно 120 работници. Сите останаа без работа, без официјално известување од сопственикот.
Пред нив, малопродажниот синџир Home Plus, исто така, го стави клучот во бравата. Сопственикот остави повеќе од 100 работници на улица, продавниците беа затворени преку ноќ, а официјалната блокада достигна повеќе од 50 милиони динари.
Како бомба одекна информацијата дека руската компанија „Спилит“ ја напуштила Србија и оставила без работа околу 500 работници во две фабрики на југот и северот на Србија.
Во претходните години, германската фабрика за преработка и конзервирање риба „Сервфуд“ во Смедерево, потоа бугарскиот синџир на продавници за мобилни телефони, опрема и апарати „Хенди“ и хрватската компанија „Голд ексчејнџ“ на сличен начин ја напуштија Србија. Се прашувате што може државата да им направи после тоа. Одговорот е малку или подобро кажано – ништо.
По „Геокс“, нов удар врз работните места во Србија – во прашање се уште 400 работници
Нов удар за работните места во јужна Србија. Откако „Геокс“ ги затвори фабриките во Врање со 1.200 работници, „Шинвон“ сега официјално донесе одлука да затвори дел од производството со 660 работници. Точно 264 вработени ќе можат да се преселат во матичната компанија „Јура“, додека судбината на речиси 400 работници е нејасна, пишувва белградски „Блиц“.
Откако во јануари 233 работници останаа без работа, од кои на повеќето не им беа продолжени договорите, сега може да следуваат нови отпуштања во оваа фабрика од Јужна Кореја.
Според документот „Одлука за затворање на организацискиот дел на компанијата“ што бил проследен до работниците, и е обесен на огласната табла во компанијата, сега се гаси секторот за производство на авто-инсталации со 660 вработени, а 264 од нив кои се вработени на неопределено време им се нуди да се преселат во сестринската фабрика „Јура“. Крајниот рок за изјаснување е 11 септември. Причината е, како што се наведува, „големите деловни загуби и промена на количината на инсталации што можат да ги произведат“.
„Пристигна известување, одлуката се споделува преку Вибер на групи вработени. Единствената можност е да се преселиме во Јура, немаме право на отпремнина или надомест од Бирото. На вработение на определено време им следува отказ. Многу луѓе земаа кредити во последните месеци, немаше најави дека ќе се затвори, само некои шпекулации“, вели еден работник за Јужни вести кои не добиле коментар за конкретниот случај од самата компанија.
Претходно, југот на Србија беше потресен од веста за заминување на италијанската компанија „Геокс“, која беше спомената кога компанијата „Шинвон“, уште една фабрика на „Јура“ што се отвори во Ниш во 2011 година, преку СМС порака информираше 188 работници дека заради намален обем на работа не е во можност да ги продолжи нивните договори.
Секогаш имало слични приказни насекаде, а во Србија, пред случаите на „Геокс“ и „Шинвон“, имаше уште осум затворања на фабрики преку ноќ и работниците беа известени за отпуштањата во последен момент. И она што е речиси исто за сите е дека имале слична тактика при заминувањето, дека ги известувале работниците за отпуштањата „преку ноќ“ и дека по заминувањето никој не им може ништо, пренесува Блиц.
Претходно јавноста дозна за случајот со турскиот синџир пекари Симит Сарај. Во еден момент, тие имаа 9 продавници на најдобрите локации во главниот град и вкупно 120 работници. Сите останаа без работа, без официјално известување од сопственикот.
Пред нив, малопродажниот синџир Home Plus, исто така, го стави клучот во бравата. Сопственикот остави повеќе од 100 работници на улица, продавниците беа затворени преку ноќ, а официјалната блокада достигна повеќе од 50 милиони динари.
Како бомба одекна информацијата дека руската компанија „Спилит“ ја напуштила Србија и оставила без работа околу 500 работници во две фабрики на југот и северот на Србија.
Во претходните години, германската фабрика за преработка и конзервирање риба „Сервфуд“ во Смедерево, потоа бугарскиот синџир на продавници за мобилни телефони, опрема и апарати „Хенди“ и хрватската компанија „Голд ексчејнџ“ на сличен начин ја напуштија Србија. Се прашувате што може државата да им направи после тоа. Одговорот е малку или подобро кажано – ништо. (Блиц)