По долго колебање и германски „Хенкел“ се повлече од Русија

Германскиот производител на хемикалии за домаќинство и стоки за поправка, „Хенкел“, објави дека го прекинува својот бизнис во Русија.
„Наспроти пзаднината на актуелните настани поврзани со војната во Украина, ‘Хенкел’ донесе одлука да се повлече од бизнисот во Русија. Сега се во тек подготовките за процесот на спроведување на оваа одлука“, се вели во соопштението на компанијата објавено на нејзината веб-страница.
„Хенкел“ истакна дека тие ќе го напуштат бизнисот во Русија на „уреден“ начин. За тоа време, 2.500 вработени во компанијата во Русија ќе продолжат да работат и да примаат плати.
„’Хенкел’ ја осудува војната против Украина и насилството врз невините цивили. Наш приоритет останува да направиме сѐ што е можно за да ги поддржиме нашите колеги во Украина“, изјави Карстен Кнобел, извршен директор на компанијата.
„Хенкел“ произведува лепила, детергенти, козметика и производи за лична нега во 11 фабрики во Русија. Компанијата поседува брендови како „шварцкопф“, „фа“, „сиос“, „персил“, „бреф“ „пемолукс“…