По 13 години ќе се прави ревизија на финансиските извештаи на Владата


 Државната комисија за спречување на корупцијата го поздрави потегот на Државниот завод за ревизија за првпат по 13 години да најави ревизија на трошењето и работењето на Владата. 

-Во насока на зајакнување на интегритетот на институциите и зголемување на нивната транспарентноста, радува фактот што Државниот завод за ревизија во Годинешната програма за работа на ДЗР за 2022 година, по 13 години, планира ревизија на регуларност на финансиските извештаи на Владата на РСМ.

Борбата против корупцијата и судирот на интересите е можна само преку заедничка соработка на сите институции. Од друга страна ревизијата на работењето на сите  институции само ќе ја зголеми нивната транспарентност и интегритет во општеството. Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси ќе ја интензивира и понатаму соработката со сите релевантни институции, бидејќи само со заеднички залагања можеме да очекуваме поголеми резултати, порачаа од ДКСК.