Плукни и запеј
На листата од десет бендови и пејачи со најпосетени концерти во целата историја на светскиот шоубизнис – тројца се од поранешна Југославија! Веднаш до Томпсон и „Бијело дугме“, малку подолу, на десеттото место на листата на најпродавани концерти на сите времиња – Цеца!
Пред точно дваесет години, во 2005 година, Горан Бреговиќ ги собра преживеаните членови на „Бијело дугме“ и ги однесе на повратничка постјугословенска турнеја од Сараево преку Загреб до Белград. Последниот концерт, оној на белградско Ушќе, искуснаиот велетрговец лукаво го закажа на 28 јуни, на Видовден, што беше црвен датум во календарот и во поранешна Југославија и во сегашна Србија, како ден на кој започна митската Косовска битка во 1389 година: на тој ден, да речеме, започна Првата светска војна со атентатот во Сараево 1914, а на истиот ден во 1919 година заврши Версајскиот договор. На тој ден, конечно, во 1989 година, со говорот на српскиот вожд Слободан Милошевиќ на Газиместан беа најавени балканските војни, кои завршија со екстрадиција на Милошевиќ во Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг пак на истиот ден во 2001 година.
Видовден очигледно беше ден за историски нешта, па големиот видовденски повратнички концерт на „Бијело дугме“ веднаш беше запишан во историјата, надминувајќи ги легендарните концерти на Френк Синатра. Тина Тарнер и Пол Макартни, кои еден со друг си ги крадеа светските рекорди во опсумдесетите години на култниот стадион Маракана, па на Ушќе конечно падна и дотогаш апсолутниот рекорд на нам непознатиот јапонски бенд „Глеј“, кој пет-шест години претходно на саемот Макахури во Чиба прв во светот продаде двесте илјади билети. Обновеното „Бијело дугме“продаде фантастични двесте и дваесет илјади билети за својот концерт на Видовден: на крајот, велат, имало повеќе луѓе отколку на познатиот митинг на Милошевиќ на Ушќе во 1988 година.
Која, патем, беше бесплатен.
Имаше, се разбира, поголеми концерти, но тоа беа фестивали, а имаше дури и повеќемилионска публика – Род Стјуарт на Копакабана и Жан-Мишел жар во Москва во 1990-тите собраа по три и пол милиони луѓе – но овие, исто како митинзите на Милошевиќ, беа бесплатни настапи: никој никогаш како самостоен изведувач не собра двесте и дваесет илјади луѓе со платени билети.
Цели дванаесет години, враќањето на Видовдан на „Бијело дугме“ на белградско Ушќе го држеше светскиот рекорд, додека италијанскиот кантавтор суперѕвездата Васко Роси не продаде точно двесте дваесет и пет илјади и сто седумдесет и три билети за неговиот концерт во паркот „Енцо Ферари“ во Модена 2017.
А тогаш, пред неколку дена, Марко Перковиќ Томпсон сензационално го распродаде својот концерт во загребскиот Хиподром закажан за 5 јули: за само шест часа беа продадени неверојатни сто и триесет илјади билети, а до крајот на денот, за помалку од дваесет и четири часа, официјално беше објавено дека се распродадено сомнабулни двесте осумдесет и една илјади седумстоседумдесет и четири влезници. И тоа не е сè: беше пуштен во продажба нов контингент од сто илјади билети, а на крајот на Хиподром ќе има можеби повеќе од триста и педесет илјади луѓе, повеќе од оние што присуствуваа на мисата на отворено на папата Бенедикт XVI во загрепскиот Хиподром во 2011 година.
Која, патем, беше бесплатна.
Сите светски медиуми веднаш објавија дека е соборен апсолутниот светски рекорд, а истиот ден беше коригирана и Википедија и ажурирана листата на најголемите комерцијални солистички концерти на сите времиња. И така, меѓу десетте бендови и пејачи со најпосетени концерти во целата историја на светскиот шоубизнис – дури три од поранешна Југославија!
Чекај, ќе речете, како три?
Ех, како. Убаво. Еве го, заедно со Томпсон и „Бијело дугме“, малку подолу, веднаш под Васко Роси, Глеј, Пула Макартни, Тина Тарнер, Френк Синатра, Лучијано Лигабу и Брус Спрингстин, на десеттото место на најпродаваните концерти на сите времиња – ЦЕЦА!
О, да, Цеца Национале, Светлана Ражнатовиќ, таканаречената мајка Српска мајка, која собра сто и педесет илјади и петстотини фанови на почетокот на турнејата „Покана“ на истото Ушќе. Кога? Пред 12 години, во 2013 година, јасно – на Видовден. Цеца не само што е единствената жена во првите десет заедно со Тина Тарнер, туку со уште еден концерт на Ушќе – оној од 2006 година, пред повеќе од сто и дваесет илјади луѓе – таа е единствената во целиот свет, и меѓу машките и женските изведувачи, што двапати се појавува во првите дваесет!
Џабе му е на белиот свет, на Синатра, Спрингстин и Макартни, џабе им е на „Ролингстоунс“ и У2 и „Квин“ и „Пинк Флојд“, и Мајкл Џексон и Мадона и Шакира и Роби Вилијамс, тие не можат да го направат она што можат еден босанскохерцеговски бенд, еден хрватски пејач и една пејачка од Србија: тие не може ни да сонуваат сто и педесет илјади оридадени билети, а камоли двесте и осумдесет илјади. Рекордот на Томпсон е всушност уште полуд, бидејќи за разлика од „Дагме“ и Цеца, чија база на обожаватели е многу поширока и ја опфаќа цела поранешна Југославија, вклучително и Хрватска – а особено за разлика од Спрингстин, „Стоунси“ или У2, чија база на обожаватели е целиот свет – Томпсон го слушаат и на неговиот концерт доаѓаат само Хрвати, чиј попис на населението ќе се собере на концертот на Род Стјуарт на Копакабана.
Балканологијата, омилената западна феноменологија, сега има нова тема: Што е тоа во музиката што ги привлекува балканските народи на приградски ливади и тркалишта за коњи во толку голем број? Што им е заедничко, зошто повеќе се собираат на концерти отколку на револуции и папски маси, со три од нивните имиња во првите десет во историјата? И тука се заедно Марко Перковиќ и Цеца Ражнатовиќ, како и „Бијело дугме“: ако „Дугме“, имено, беше најголемата рокенрол група во историјата на поранешната земја и на нејзината музичка сцена, тогаш Томпсон и Цеца се токму она што остана по нејзиниот распад.
Групи, бивши држави, музички сцени, сеедно.
„Бијело дугме“ беше, имено, Југославија, а Горан Бреговиќ како нејзин Тито не се ни трудеше да го докаже спротивното, напротив: во последната фаза неговиот бенд иконографски, идеолошки и музички изгледаше и звучеше како државен проект. И денес постојат теории дека зад „Дугме“ стоела Државната безбедност, која го дизајнирала „Бијело дугме“ како југословенски одговор на идеолошките девијации на младинската контракултура и феномени како што е новиот бран или, далеку од него, „Лајбах“. Се разбира, таквите теории на заговор се неверојатно забавни: Едно време, на пример, босанскиот реисул-улема Мустафа Цериќ сериозно откри дека „цела серија големи писатели од Босна и Херцеговина, од Скендер Куленовиќ до Мак Диздар, морале да пишуваат како што бараше тогашниот политички поредок“.
Јас, на пример, би сакал да живеам во земја чии партиски комитети и тајни служби би ја имале интелигенцијата и талентот на Горан Бреговиќ, а камоли на Мак Диздар. Меѓутоа, да ја имаше југословенската држава таа интелигенција и талент, немаше да се распадне.
„Бијело дугме“ така се распадна заедно со државата без која немаше никакво значење, а од нејзините урнатини израснаа две крајно ретки и сурови, токму дворниковски карактеролошки мутации: на фолк-рокот на Бреговиќ, „ко ли ми те љубио, гром га убио“, „Цветак зановетак“ од Чавораѓа, пардон Житораѓа, продолжи со „сеќаш ли се, лепи громе мој, некада је тло под нама пуцало“, крунисана како кралица на српскиот турбо-фолк, нешто како „Раскопчано дугме“ – потоа зацементирајќи го статусот со мажењето за воен злосторник и неговата задоцнета смрт – додека бојовникот од Житоглава, пардон Чавоглава, продолжи со „Свевишњег бијес пуче к’о гро, и никада мира у народу мом“, крунисана како крал на хрватската турбо-волк, бетонирајќи го својот статус со славење на воените злосторници од првата и втората Татковинска војна. Накратко, нешто како „Црно дугме“.
„Плукни и запеј, моја Југославијо“, пееше „Бијело дугме“, а потоа Југославија, што ќе прави, плукна и запеа.
Бидејќи сега е емпириски докажано дека југословенскиот простор е глобална културна и политичка авангарда, добри дваесет и пет години пред Америка и Европа, одговорот и милионскиот концерт на голем западен бенд, како што е „Ролингстоунс“, треба да се очекува дури за околу четврт век.
Под услов, разбравте, дотогаш да се распаднат.
„Стоунси“, Америка, Европа, што и да е.
(Борис Дежуловиќ е хрватски новинар. Текстот е објавен во храватскиот магазин „Новости“.)