Плажите во Сиднеј затворени по три напади од ајкули за два дена
Сиднеј – Плажите во северниот дел на Сиднеј беа затворени во понеделник откако еден млад човек беше нападнат и сериозно повреден од ајкула, што е трет напад од ајкула на плажите во австралискиот град за два дена.
Итни служби беа повикани на плажа во Менли во северниот дел на градот откако еден сурфер беше каснат од ајкула, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс, објави Ројтерс.
Тој беше однесен во болница во критична состојба со сериозни повреди на ногата.