Платите најмногу се зголемиле во Бугарија и во Унгарија, а најмалку во Франција


Највисок раст на заработката постигнаа Бугарија и Унгарија, а најнизок раст Франција минатата година.

Во исто време, растот на трошоците за труд во еврозоната се зголеми за 3,6 проценти, според Евростат, статистичката агенција на ЕУ.

Платите во ЕУ најмногу се зголемија во градежниот сектор, за 4,8 проценти, во услугите за 4,6 проценти и во индустријата за 3,9 проценти.

Во исто време, платите, или сатниците, се зголемија за 8,9 проценти во секторот на професионални, научни и технички активности и за 6,7 проценти во рударството.

Гледајќи по земји, највисок раст на платите на годишно ниво имаше во Бугарија – дури 13,2 проценти. Унгарија е втора со раст на платите од 10,9 проценти, а Романија е трета со 10,4 проценти.

Општо земено, зголемувањето на платите е значително поголемо во земјите-членки на ЕУ од Централна и Источна Европа отколку на Запад.

Најнизок раст на платите, со помалку од два проценти на годишно ниво, беше во Франција – 1,4 проценти.