Платила 300 евра за работа во странство, но документи никогаш не добила


Кавадарчанка на возраст од 49 години, пријавила дека била измамена од лице кое се преставило како посредник за работа во странство.

Според пријавеното тие се запознале преку мобилна апликација, по што во периодот од 14 август до 18 септември таа му уплатила вкупно 18.437 денари за обезбедување документи за работа во странство.

Како што е пријавено, таа не ги добила документите, а лицето ја прекинало комуникацијата, по што сфатила дека е измамена, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.