„Пивац“ влезе во „Подравка“, купија голем број акции


Месната индустрија „Пивац“ со значаен удел влезе во „Подравка“.

Според регистарот на Средишното клириншко депозитарно друштво, најголема промена минатата недела меѓу првите 10 најголеми акционери е растот на уделот на „Пивац“, кој во петокот стана осми најголем акциоенр во „Подравка“, со 194.673 акции.

За порталот „Даница“ претседателот на управата и сосопственик на „Пивац“, Ивица Пивац, потврди дека вложува во таа акција, затоа што имаат вишок капитал и процениле дека на ова ценовно ниво исплативо е да се вложи во таа акција, пренесе Индекс.хр.