Пијан полицаец излетал од патот во Кавадарци и удрил во бандера


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 2 часот по полноќ полицијата од Кавадарци го уапсила 25-годишниот В.С. од Росоман на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Имено тој со неговото возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци.

„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Порталот „Инфомакс“ дознава дека лицето е полициски службеник, а информацијата ја потврдиле и од СВР Велес.

„Лишеното лице В.С. е полициски службеник кој не бил на должност. И за него како и за сите други важат законските правила и прописи“, велат од СВР Велес.