Петровска изврши увид во поставувањето на Модуларен ковид центар во Битола


 Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорката на ЈЗУ Клиничката болница Билјана Гагачовска, извршија увид во теренските активности за поставување објектите од Модуларнот ковид центар во Битола.

Модуларниот ковид центар содржи три модуларни градби, од нив две наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

-Во предвидениот рок од три недели, Општина Битола и битолските јавни претпријатија беа активно вклучени во расчистување и рамнење на теренот.  КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод поставија канализационен и водоводен систем. Поставувањето на Мудуларниот ковид центар е поддржано и од општинските советници кои ја прифатија одлуката на Петровска за донација на 40.000 евра од општинскиот буџет, информираа од Општина Битола.