Петрова-Ѓорѓева: Реформата на основното образование е неопходна, концепцијата се потпира на анализи


Илустрација

Реформата на основното образование е неопходна, изјави Емилија Петрова-Ѓорѓева, деканка на Педагошкиот факултет од Штип при Универзитетот „Гоце Делчев“, по средбата на професорите од сите универзитети од државата со претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.

„Сите сме сложни дека секое време носи свои предизвици, а ваква реформа е неопходна. Оваа концепција е поставена на многу современи сфаќања, многу е амбициозна и се потпира на многу европски документи. Во концепцијата која е предложена се дадени контурите кои даваат насоки и покажуваат како да делуваме понатаму. Ако се вклучат сите чинители на воспитно-образовниот процес, почнувајќи од родителите, до наставниците па на крај универзитетските професори и Бирото за развој, ќе дадеме придонес за подобрување на оваа концепција се во интерес на нашите ученици“, рече Петрова-Ѓорѓева.

Денешната средба е во рамки на широкиот консултативен процес за предложените реформи во основно образование.