Петнаесет проценти од фирмите примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба

Во 2025 година, 97.2 проценти од деловните субјекти имаат пристап на интернет. Со широкопојасен пристап преку фиксна конекција се 92.9 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Компјутер во работата користат 99,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на е-трговијата, 16.4 проценти од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 15 проценти од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.
Во 2025 година, деловните субјекти со пристап на интернет имале најголемо учество во секторот Останати дејности со 99.7 проценти и во секторот ИКТ со 99.1 проценти.