Петар Богојески не запира со недоличните коментари, сега и за новинари
Новиот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, уште недоседнат во функционерската фотелја продолжува со недоличните навредливи коментари кон одредени луѓе. Сега Богојески се нафрли на новинарите од порталот „Рацин“.
Богојески, како што објавува „Рацин“, пишува коментари на социјалните мрежи на порталот со навредливи содржини за медиумот и за уредниците и новинарите на оваа редакција. Овие коментари се најчесто објавувани во работното време, па оттаму зачудувачки е што наоѓа време токму тогаш да се занимава со новинарите и нивните медиумски содржини од позиција на директор на агенцијата
Во реакцијата „Рацин“ оценува дека станува за притисок врз медиумите и врз слободата на новинарското изразување. „Освен што се недолични, континуитетот што го одржува прави тие да се доживуваат како агресивни. Уште повеќе што станува збор за коментари на медиумски содржини кои на ниту еден начин не се повразани со него, со неговата функција или со агенцијата.
Во еден од коментарите Богојески напиша: ‘А замислете да го предложеа вашиот газда артанче груби? Којзнае што пофалби ќе направевте на рацин. измеќари.смк’. Во друг: ‘Кој ги смислува овие блесави тези: Забрчан?’“
За недоличната комуникација на Богојески Мрежата за заштита од дискриминација побара повлекување на одлуката за негово именување за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради изјавите со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности.
Делегацијата на ЕУ во нашата земја во одговор на прашање на порталот медиумот „Порталб“ наведоат дека ја забележале, како што велат, „значајната загриженост на Европската комисија во врска со некои негови јавни активности и изјави“.