Пет луѓе заробени од пожар во куќа во село Стројменци – повторно се бара помош од ЕУ за воздухолови
Пет луѓе се заробени во куќа во селото Стројменци во Светиниколско, затоа што околу нив беснее пожар, а упатен е еден хеликоптер, кој треба да фрли вода врз куќата, за да можат луѓето да се евакуираат.
Во попладневната изјава, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, апелира до жителите кои живеат во полунапуштени села, да заминат од таму со време, доколку слушнат дека во нивна близина има пожар.
Исто така, апелира граѓаните самите да направат мек појас за изолација од пожари околу куѓите или викендичките, кој пак треба да е доволно жирок за да пспречи ширење на огнот.
Ангелов соопшти дека повторно го активирал ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарал помош во воздухоплови.
За пожарот во Дојран рече дека почнал во депонијата и се проширил во околната вегетација, а не направил поголема штета на трите зафатени објекти, туку тие се само нагорени.
Денеска има повече од 30 пожари на отворено, од кои 15 се активни.