Пешачкиот пред училиштето „Јахја Кемал“ на улица Варшавска е црна точка – Родителите бараат итна реакција


 
Дел од родителите од Карпош чии деца минуваат пред училиштето „Јахја Кемал“ на улица Варшавска реагираат за небезбедниот пешачки премин. 

Родител во фејсбук групата „Тафталиџе“ сведочи дека за малку тој и неговиот син ќе биле прегазени од два автомобили. 

Овој родител јавно се обрати и до градоначалникот на карпош Сотир Лукровски. 

– Втор пат се обраќам за ист проблем. Секое утро го носам син ми во школо, и секое, ама буквално секое утро, поминување на пешачкиот премин пред школото „Јахја Кемал“ на ул. „Варшавска“ е повеќе борба за живот него поминување улица. Утрово за помалку од секунда две коли ќе не згазеа. Првата воопшто не закочи и покрај тоа што мавтав со раце и ме виде, и мене и детето, а втората излегуваше од паркингот на „Јахја Кемал“ и со шкрипење застана… Едвај…Ве молам, соодветно обележетего го преминот, со светлосна и звучна сигнализација, и фенери ставете над преминот, и правете што и да е потребно, бидејќи ако ништо не превземете, ве сметам за лично одговорни за што и да се случи понатаму, наведува тој во својата објава. 

Тој сподели и фотографии од „црната сообраќајка точка“.

–  Има еден знак за пешачки премин кој е оштетен и накосен, и не се гледа. Од другата страна, од насока на „Лондонска“, нема никаков знак. Сигурен сум дека повеќето родители го имаат истиот проблем, барам подршка од сите комшии и жители на Тафталиџе, додека не е касно!