Перуанец со фалсификувана возачка сакал да ја помине грчко-македонската граница


На 12.06.2023 на граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода К.В.Е.П.(52) од Перу. При пасошка и контрола на возилото „мерцедес“ со грчки национални ознаки, кое го управувал, на увид приложил перуанска возачка дозвола за која било констатирано дека е фалсификувана. Лицето било предадено на Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.