Перо Антиќ има понуда да се врати во НБА?
Перо Антиќ веќе неколку години е претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија, но легендата на мак-баскетот сериозно размислува и за поинаков предизвик, особено по понудата што ја доби за враќање назад во НБА-лигата.
Антиќ стана првиот Македoнец што заигра во НБА-лигата, а лесно може да се случи тој повторно да се пресели од другата страна на Атлантикот и да стане дел од стручниот штаб на Феникс. Прв тренер на „сонцата“ е Мајк Баденхолцер, стратегот под чие водство Антиќ играше во Атланта и кој се уште има високо мислење за Македонецот.
Токму затоа Антиќ доби специјална покана да биде дел од стручниот штаб на Феникс зa време на Летната лига на НБА-лигата. Тој официјално не е дел од тренерскиот тим на Баденхолцер, но првиот тренер на Феникс не крие дека се уште го нема комплетирано својот стручен штаб и е во потрага по помошници во кои ќе има доверба.
На социјалните мрежи уште пред неколку дена се појавија видеа од Антиќ во „дрес-код“ на тренерскиот тим на Феникс пред еден од натпреварите на „сонцата“ во Летната лига, а неофицијално Баденхолцер бил задоволен од она што го видел и веќе е испратена и официјална понуда до Антиќ.
Првиот човек на КФСМ доби и извесен рок за да размисли за можноста да сврти нов лист, а останува да се види неговиот одговор на оваа интересна понуда и големиот предизвик…