Пендаровски: Во недела со гласот за број 3 ставаме крај на „груевизмот“
Ако биде избран на функцијата, рече дека граѓаните кончено, по десет години ќе добијат претседател од кој нема да се срамат.
-Ќе бидам претседател кој ќе знае позитивните политики да ги пофали и поддржи, тоа што не чини да го врати назад, да се доработи. Она што е во интерес на граѓаните да го поддржи, а она што во интерес на една фамилија или потесен круг луѓе да не добие поддршка. Мојата прва задача ќе биде она што го бараат граѓаните да им се даде, а не тоа што го бара партијата на власт, напомена Пендаровски.
На трибината во Кочани пред граѓаните се обрати и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој се заблагодари на одличниот одзив токму на празникот на трудот.
-Дајте ја поддршката за Пендаровски во вториот круг за да може трудот на секој работник да биде вреднуван, за да го спречиме врќањето назад во минатото, во времето на кавги и поделби. Нема да правиме калкулации за нашите функции и политички позиции, затоа што државата е во прашање, а конечно добиваме нешто што го чекавме 14 години. Во јуни отвораме ново поглавје во приближувањето кон ЕУ што ќе отвори нови перспективи за младите, за вработените, за влез на нови инвестиции, свеж капитал и нова финансиска поддршка од европските фондови, истакна Заев.