Пендаровски разговараше со Гораните од Косово по пропагандите на Јотова
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на Македонската горанска заедница од Косово, Авнија Рахте и Аце Димоски. На средбата се разговараше за активностите на Македонската горанска заедница со цел унапредување на животните услови и правата на македонската заедница во Косово, зачувување на нивниот етнички, јазичен и културен идентитет како и за заложбите за интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Косово.
Претседателот Пендаровски го поздрави нивното активно делување во насока на афирмација на македонската традиција, култура и обичаи, и институционалната соработка што ја остваруваат со косовските власти.На средбата се разговараше и за тековните предизвици и проблеми со кои се соочува заедницата на Македонци во афирмација на нивниот идентитет, а кои се последица на делувањето на странски пропаганди.