Пендаровски „нерешено“ со светскиот шампион во бодибилдинг


Шефот на државата Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук профил се пофали дека извојувал нерешено во туркање со рака со светскиот шампион во Словачка, Крижанек. 
 
„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка. Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг“, напиша претседателот на дравата на својот фејсбук профил.