Пендаровски – Фон дер Лајен: Измените на Уставот се од „стратешка важност“

Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик, наведе Фон дер Лајен на платформата Икс


Фото: Б. Грданоски

 

Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата било посочено дека уставните измени се од „стратешка важност“.

Од Кабинетот на претседатеолот Пендаровски соопштија дека на средбата беше разговарано за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот.

Фото: Б. Грданоски

Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скрининг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите, се вели во соопштението до медиумите.

На средбата беше разговарано за претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од Европската Унија на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан.

Фото: Б. Грданоски

На средбата беа разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Фон дер Лајен по средбата со претседателот Пендаровски се огласи на платформата Икс (поранешен Твитер).

Како што Северна Македонија напредува во реформите, така го трасира својот пат кон ЕУ, објави таа. 

„Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик, наведе Фон дер Лајен, изразувајќи задоволство што нејзината турнеја низ земјите од Западниот Балкан во следните три дена ја започнува токму од Скопје.

 

На истата тема

 

Фон дер Лајен пристигна во Скопје, вечерва работна вечера со Пендаровски – Независен Весник (nezavisen.mk)