Пендаровски: Две најголеми банки во државава беа цел на хакерски напади


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две поголеми банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форезничари од внатре и надвор. 

„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади.

Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство.

Заклучија дека нападот е од надвор, и истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат реалиција со некои држави.

Целосната изјава на оваа тема погледнете ја од видеото во продолжение: