Пендаровски: Додека не се создаде политичка култура не треба да се укинува пржинската влада


Претседателот Стево Пендаровски, гледајќи ја длабоката недоверба меѓу главните политички субјекти во Македонија за кое било прашање, смета дека сè уште има потреба од техничка влада.

-Гледајќи ја длабоката недоверба меѓу главните политички субјекти во Македонија за кое било прашање,смнетам дека сè уште има потреба од техничка влада сè додека не дојдеме до ниво на политичка култура во која ќе го признаеме поразот вечерта, а тоа ќе се базира на веродостојни факти од теренот кои кажуваат дека стварно си победил.

Претседателот најави исто така дека во следните денови ќе испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски да оди побрзо. Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ рече дека не треба да се дозволи одолговлекување на процесот за екстрадиција на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

-Случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридор и тоа не дај боже да трае со месеци или со години, рече Пендаровски во интервјуто.