Пехчево се разбуди под снежна покривка (фото)


Истокот од земјава, во Малешевијата, утрово осамна под снег. Најавите на метеоролозите за снежен бран се остварија, а пехчевци можат да уживаат во зимска идила. 

Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Утрово, во 7 часот, измерени се следниве температури: