Патот во Галичник е во прекин од 27 април – ќе може ли да се стигне на Галичка свадба?


Жителите на Галичник бараат да се интервенира на патот кој пред извесно време беше оштетен од свлекување на земјиште и врушување на потпорен ѕид. Освен што е оневозможено движењето по локалниот пат, состојбата е потенцијален ризик за движењето.

– Движењето низ Галичник за возила е во прекин од 27 април кога се сруши потпорен ѕид на единствената пат-улица во Галичник со што целосно е прекинато движењето низ селото, се наведува во соопштението од месната заедница.

Во дописот се наведува дека оневозможен е пристап до домовите на жителите кои се со трајно живеалиште во Галичник како и хотелот „Неда“. Од месната заедница Галичник посочуваат дека имале повеќе состаноци со надлежни институции и побарале брза санација.

Ваквата состојба може да попречи и подготовките за манифестацијата „Галичка свадба 2025“ чиј покровител е Претседателот на Република Македонија се одвиваат во најдобар ред

– Евентуалното одолговлекување на санацијата на патот е потенцијален ризик за безбедноста на учесници и на посетители на манифестацијата. Очекуваме од надлежните институции на државата кои веќе покажаа разбирање навремено со активности и интервенција и да овозможат враќање во употреба на патот, стои во писмото од МЗ Галичник.