Партиски листи за вработување во РЕК „Осломеј“
Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци. Последен таков случај е РЕК „Осломеј“, обвини СДСМ.
Свиркачи до СДСМ доставиле интерен список за вработување на 50 лица во РЕК „Осломеј“.
„На списокот има членови на општински комитети, но и роднини на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Без јавен конкурс, без јасни критериуми, без стручна селекција. Единствениот услов за вработување е партиската книшка и фамилијарната поврзаност со власта.
РЕК ‘Осломеј’, стратешки важна енергетска точка, наместо да биде дел од стабилен енергетски систем, власта го користи како алатка за партиски вработувања на грбот на народот.
Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ќе го менува системот? За ова ли бараа доверба од граѓаните?“, праша портпаролката на партијата Богданка Кузеска.
Според неа, наместо држава во која најдобрите напредуваат, добивме држава со вработувања по список, со јавна администрација претворена во партиска армија.
СДСМ ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отвори предмет по сопствена иницијатива, а ЕСМ јавно да ги поништи сите незаконски вработувања.