Париз: Нема да ја следиме мерката изолација за невакцинираните


„Франција нема да ги следи европските земји кои ја воведуваат мерката за изолација на невакцинираните против Ковид-19“ изјави претседателот Емануел Макрон.

Макрон оваа одлука ја образложи со зборовите дека Франција бележи успех во борбата против пандемијата благодарение на своите здравствени пропузници.

„Тие земји кои ги заклучуваат невакцинираните се оние кои не воведоа здравствени пропусници. Од таа причина овој чекор не е неопходен во франција“, рече Макрон за весникот “Voa di nor” во интервју објавено во четвртокот, пренесе Ројтерс.

Европа повторно стана епицентар на пандемијата, што поттикна некои земји повторно да воведат ограничување пред Божик и покрена дебата за тоа дали вакцините се доволни за да се сопре Ковид-19, а порано оваа недела Австрија воведе карантин за луѓето кои не се вакцинирани против корона вирусот.

Белгија ги заостри организчувањата поради корона вирусот, налагајќи поширока употреба на маски со воведување работа од дома како обврска.

Главниот кандидат за нареден канцелар на Германија Олаф Шолц, денеска исто така предупреди дека земјата мора да подготви поостри мерки во следните месеци, за да се избори до новиот бран корона вирус.