Папата Францискo вели дека пазараниот капитализам не успева во пандемија
Папата Франциско изјави дека пандемијата на коронавирус покажала дека „магичните теории“ на пазарниот капитализам не успеале и на светот му е потребен нов вид на политика, која промовира дијалог и солидарност, а ја отфрла војната по секоја цена.
Пораката на папата е дел од најновата енциклика „Фратели тути“ (Сите сме браќа), во чија суштина се наоѓа социјалната правда.
Според него, пандемијата го потврдила неговото уверување дека сегашните политички и економски институции мораат да се реформираат за да ги задоволат потребите на луѓето.
Тој повика и на промена во начинот на размислувањето, осудувајќи го „кратковидниот, екстремниот и агресивен национализам“, кој е се повеќе застапен во денешната политика.
Папата Франциско ја отфрла и доктрината на Католичката црква за оправданост на војната како легитимно средство за одбрана, нагласувајќи дека таа е прешироко применувана со векови и повеќе не е одржлива.