Панел „Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот?“
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата го организира панелот „Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот?“ во рамки на Отворен форум за антикорупција, кој денеска и утре ќе се одржи во Скопје.
Од Платформата информираат дека целта на овој Форум е да се прикаже состојбата со корупцијата во земјата, антикорупциските предизвици со кои се соочуваме и заеднички да дискутираме за мерките и политиките кои се преземаат во ова поле.
Организаторите најавуваат дека на панелот ќе се обратат Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација, Соња Мираковска, пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, Никица Кусиникова, извршна директорка на здружението Конект, Димитар Николовски, извршен директор на ЕВРОТИНК – Центар за Европски Стратегии и Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка на Метаморфозис.