Панделевски со јавен притисок против обвинителката Стефановска, му правела „рекет“


Сопственикот на „Пелистерка“ и на „Пелагонија“, Цветан Панделевски денес упати писмо до медиумите во кое тврди дека јавната обвинителка Лиле Стефаносвса му пврши „рекет“, бидејќи не се откажува од случајот во кој тој е обвинет. Практично преку медиуми Панделевски врши јавен притисок врз Срефановска да се откаже од преостанатото дело за кое е обвинет, откако од претходните излезе, како што би рекол Артан Груби, чист како солза, иако беше обвинет и во „Империја“. Подолу е писмото на Панделевски во целост:

-Иако, „Јавното обвинителството“ пред шест месеци ги повлече двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“, обвинителката Лиле Стефанова со упад во судскиот процес се обидува да го продолжи процесот за третото непостоечко кривично дело – измама кон Кираца Трајковска.Сакаме да укажаме на македонската јавноста за неетичкото и непрофесионалното делување на обвинителката Стефанова која кон судот и кон Панделевски како неправедно осомничен се однесува според нејзините лични интимни желби и закажува рочишта, се повлекува од истите, дополнува обвинителни акти, спојува различни предмети се со едниствена цел да му се наштети на Панделевски без никави материјални докази.

Од првиот момент на обвинението против Панделевски, сите аргументи кои одбраната ги изнесе во јавност во текот на рочиштата беа потврдени. Така што сакаме и денеска да потсетиме на сите судски процесни свесни грешки на Лиле Стефанова.

1.Лиле Стефанова и ЈО според начелното правно мислење на Врховен суд од 30.1.2019 не се овластени тужители за преземање на јавно обвинителски работи во предистражни и истражни дејствија. Ова е потврдено и со решението на Врховен суд за укинување на мерката притвор против Панделевски од 4.3.2019 во кое е јасно кажано дека СЈО не е овластен тужител.

2. Максималниот рок за истражна постапка за сложени дела од организран криминал може да се води 21 месец во кој рок ЈО е должно во согласно член 303 и 301 од ЗКП да ја запре истражната постапка доколку не поднесе обвинение. Стефанова обвинението го поднесува дури после 48 месеци или цели 4 години.

3.По завршување на истражната постапка и истекот на роковите, Јавниот обвинител е должен во рок од 15 дена да поднесе обвинение или за кривични дела од организиран криминал тој рок е 30 дена. Во случајот, Стефанова тоа го прави цели 8 месеци по запирање на истрага. Оваа повреда е веќе утврдена и со постоечка пракса на Врхoвниот суд со која се смета дека е веќе запрена постапката доколку не е испочитуван дадениот рок од 30 дена (одлука на Врховен суд, РСМ КВП 223/2006, од 14.2.2007).

4.На рочиштето во јуни оваа година, Стефанова со најава дека ќе врши допрецизирање на обвинението всушност манипулативно во записникот се обидува да направи сосема нов обвинителен акт додавајќи нови дејствија на штета на Панделевски со вметнување на 14 лица акционери на Фершпед кои воопшто не се опфатени со обвинителниот акт кој веќе е на сила и по кој веќе постапува судот.

Стефанова свесно знаејќи дека не постои кривично дело Измама на Кираца Трајковска од страна на Цветан Панделевски, прави обид да вметне како потеницијално оштетени нови 14 лица поранешни акционери на Фершпед. Мотивите на обвинителката Стефанова, која наместо обвинител настапува како личен адвокат на Кираца Трајковска се дотолку нејасни имајќи во предвид дека овие 14 лица веќе воделе обвинителен предмет против Кираца Трајковска во кој токму нејзе ја товарат како обвинета.Како и зошто за обвинителката Стефанова, Кираца наместо обвинета станува измамена веројатно одговор треба да даде некоја идна истрага!

Лиле Стефанова и покрај тоа што ги менува обвинителствата и тоа од СЈО, па ОЈО Радовиш, во ОЈО ГОК, па сега во ЈО РСМ,постојано и во континуитет прави притисок врз Цветан Панделевски за време на целото траење на постапката со закани кон семејството и кон него тој лично да признае вина со цел да му се наштети со измислено кривично делo, притисок кој може да се толкува и како неуспешен „обид за рекет“ кон него, стои во јавното обраќање на Панделески.