Паднала наредба да се убие Пригожин
Федералната служба за безбедност на Руската Федерација добила задача да го убие шефот на приватната воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Оваа информација ја објави Киев Пост, повикувајќи се на началникот на Главната разузнавачка служба на Министерството за одбрана, Кирило Буданов.
„Свесни сме дека ФСБ има задача да го убие Пригожин. Дали ќе успеат? Само времето ќе покаже. Во секој случај, какви било потенцијални обиди за атентат нема да се случат брзо“, вели Буданов.
Според него, на руските специјални служби ќе им треба малку време за да развијат соодветни стратегии и да стигнат до фаза кога ќе бидат подготвени за операција од големи размери.
Буданов потврди дека украинското воено разузнавање веќе подолго време знаело за намерата за организирање бунт во Руската Федерација.