Падна стар сателит на НАСА во Беринговото Море


Стар сателит на НАСА падна на Земјата по 38 години. Ова се случи во Беринговото Море во текот на ноќта во неделата, но сѐ уште не е јасно колку од него изгорело во атмосферата.

Сателитот беше лансиран во орбитата во 1984 година на вселенскиот шатл Челинџер. Работеше 21 година, но беше во орбитата 38 години.

Сателитот беше лансиран за истражување – им помогна на научниците да разберат како Земјата ја апсорбира и емитува енергијата од Сонцето, ја измери дебелината на озонската обвивка, водената пареа и концентрациите на аеросолта во стратосферата.