Падна системот на Деве Баир, Бугарите уште се на граница

МВР соопшти дека системот за контрола на Деве Баир за влегување во земјава паднал, дека се работи да се оспособи и дека во моментот се пропуштаат само итни случаи.
Според информациите од гранци системот не работи најмалку два часа и ситуацијата е малку тензична затоа што има околу 150 бугарски граѓани чекаат да влезат во земјава за да заминат на гробот на Гоце Делчев. Тие кон Скопје тргнаа со автомобили наместо со автобуси како што беше најавено.