Нема повредени при падот на кран во Битола


 

Нема повредени од падот на градежниот кран во поранешната касарна во Битола, потврди попладнево градоначланикот Тони Коњановски, по увидот на терен. Причинета е само материјална штета.  И од битолската болница за „Независен“ потврдија дека нема повредени лица од инцидентот. 

Настанот се случи денеска околу 14 часот кога градежен кран падна врз објектот кој е во изградба. Коњановски рече дека станува збор за приватен објект.  

„Општина Битола веднаш реагира соодветно и согласно своите надлежности. Исто така со мене на терен е и овластениот градежен инспектор кој ќе изврши надзор врз активностите на инвеститорот, изведувачот и надзорот на објект каде се случи овој настан. Причинета е само материјална штета.

Од клиничка болница Битола и службата за итната медицинска помош ме информираа дека нема пријавено повредени лица. Објектот има уредно издадено решение за градбa. Издададено ќе биде и решение за затворање на градилиштето“, рече Коњановски. (А.Б.)