Паднаа дрва врз оградата на ОУ „Киро Глигоров“ – за среќа, нема повредени
Утрово, во близина на ОУ „Киро Глигоров“ во скопски Центар, падна едно многу високо дрво и уште едно помало, но за среќа нема повредени. Паѓањето на дрвата веројатно е резултат на обилните врнежи на дожд во последните 24 часа.
Сообраќајот во тој дел од градот, по улицата „Васил Ѓоргов“ е во колапс. Екипи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрва. Службите дојдоа и ги исекоа на помали трупци и го отстрануваат од местото.

Сепак, негрижата за состојбата на дрвјата низ главниот град останува загрижувачка. Има многу дрва кои се стари, болни, исушени, а сѐ уште стојат покрај училишта, градинки, јавни згради и домови, а секако многу од нив се закануваат на сообраќајниците.

За поправање на состојбата со дрвјата низ Скопје не помогна многу ни зелениот катастар, каде се внесени повеќето од постоечките дрвја, кој покажува каде треба да се интервенира со нивно отстранување или садење нови. (Б.Б.)